За нас
„Мајки за Мајки“ е создадена како безбедно место каде мајките можат искрено да разговараат, да поставуваат прашања, да споделуваат искуства да се поддржуваат и да си помагаат — без осудување, споредување и притисок да бидат совршени.
Овде нема совршени мајки и совршени одговори. Има реални жени, реални предизвици, искуства од секојдневието и поддршка што понекогаш ни е потребна повеќе отколку што сакаме да признаеме.
Твојата приватност ни е важна. Во заедницата можеш да се претставиш со иницијали или прекар. Твоето име и презиме не се прикажуваат пред останатите членки и се достапни само за овластениот административен тим за потребите на верификација, безбедност и управување со профилот.
Од непроспиени ноќи и воведување храна, до тинејџерски години, мајчинство, партнерство и оние денови кога едноставно ни треба некој што ќе нè разбере — Мајки за Мајки е простор во кој не мора да поминуваш низ сè сама.
Нашата цел е да изградиме заедница во која секоја мајка ќе може да праша, да сподели, да пронајде нешто корисно и пред сè да се чувствува слушнато, прифатено и помалку сама.
Прашај. Сподели. Пронајди. Поврзи се.