Правила на заедницата
Едноставни правила за „Мајки за Мајки“ да остане безбедно и корисно за сите.
-
1. Зборуваме со почит.
Можеме да имаме различни мислења и искуства. Несогласувањето е дозволено; навредувањето, исмевањето, засрамувањето и говорот на омраза не се.
-
2. Она што е споделено тука, останува тука.
Не споделуваме screenshots, фотографии или туѓи разговори надвор од заедницата без дозвола.
-
3. Споделуваме искуства, не поставуваме дијагнози.
Личното искуство може да биде драгоцено, но не е замена за стручен совет. За здравствени проблеми обратете се кај соодветен здравствен работник, а за итни состојби кај итна медицинска служба.
-
4. Ги заштитуваме децата и приватноста.
Не објавуваме интимни фотографии на деца, лични документи, адреси, телефонски броеви или други чувствителни лични податоци.
-
5. Не спамираме и не се рекламираме во разговорите.
Промоција на производи, услуги и бизниси е дозволена само преку соодветните профили и секции на платформата.
-
6. Пријавуваме наместо да влегуваме во конфликт.
Ако забележиш навредлива, сомнителна или несоодветна содржина, пријави ја. Модераторскиот тим ќе ја разгледа.
Приватност на разговорите
Содржината објавена во затворените делови на заедницата е наменета за нејзините членови. Не е дозволено фотографирање, снимање, копирање или пренесување на туѓи разговори и содржини надвор од платформата без дозвола од авторот.
Прекршувањето на ова правило може да резултира со ограничување или трајно отстранување на профилот.